Започнува чистењето на линданот од малата депонија во ОХИС.
На последната седница донесовме Решение за одобрување на план за ремедијација на локацијата во АД „ОХИС“ – Скопје, коешто е веќе потпишано од страна на министерот за животна средина и просторно планирање, со што ќе можат да започнат активностите за отстранување на линданот и на почвата контаминирана со линдан од малата депонија, напиша Премиерот Заев на Фејсбук.
„Согласно Планот за ремедијација, во постапка е издавање дозволи за извоз на опасниот отпад од страна на МЖСПП – во Франција ќе се извезе линданот, а во Холандија ќе се извезе контаминираната земја под линданот“, додава Премиерот.
-Продолжуваме активно да работиме на заштита на животната средина, со цел граѓаните да живеат здраво во чиста животна околина, стои во статусот на Премиерот.