Премиерот Зоран Заев и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски ќе се сретнат во понеделник во 13 часот во Клубот на пратеници.
Тоа го потврди Заев преку објава на социјалната мрежа facebook.
Иницијатор за средбата е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој го повика Заев да се сретнат и да разговараат за важните теми за граѓаните.
Според најавите главни теми на средбата Заев-Мицкоски ќе бидат: пандемијата, блокадата на собранието и секако актуелната ситуација со евроинтеграциите на РС Македонија.