Премиерот Заев се пошегува на своја и на сметка на Владата за тоа кога ќе пристигнат првите вакцини, велејќи дека го има точниот датум, но не може да каже, затоа што може да се случи да не пристигнат.

„Јас сега ја имам информацијата кога ќе стигнат првите 3 илјади но како да кажам ако не пристигнат“, вели Заев.

Со месеци премиерот и министерот за здравство Венко Филипче со различни ветување за тоа кога ќе пристигнат вакцините. Најчесто со фразите „Деновиве“, „час-поскоро“, „во последна или завршна фаза“, „во преговори сме“, „се допишуваме“ одговараа за тоа кога ќе пристигнат нарачаните вакцини од Фајзер, Спутник, Астразенека или преку Ковакс механизмот.

„Во недела ги очекуваме трите илјади вакцини со ДХЛ да дојдат. Министерот се организира со амбасадорот да ги пречека и нормално ги очекуваме на промет“, рече Заев.

Инаку вчера министерот за здравство Венко Филипче изјави дека месецов во земјава ќе пристигнат вакцините од „Фајзер”, со што ќе започне и имунизацијата на населението против коронавирусот. Првите вакцини од „Фајзер”, според договорот со компанијата, треба да стигнат во земјава во првиот квартал од годинава, односно до крајот на март. Преку сите постојни механизминаправено е се што е неопходно и договорени се вкупни количини до 2,5 милиони вакцини.