Преку Фондацијата “Заев – Едно општество за сите” испративме 20 тони производи македонска хуманитарна помош за војската и за цивилното население во Украина.

Помошта ја доставивме во координација со Горениук Олександр, пратеник во Парламентот на Украина, ова го соопшти Зоран Заев преку социјалните мрежи.

Како што вели тој, помошта пристигна во Одеса, стратешка позиција на демократска Украина, но и град од каде нашиот Крсте Петков Мисирков дејствуваше за македонските работи.

-Нека биде оваа помош придонес кон заштитата на украинското население кое е под воената агресија од страна на Русија.

Поддршката на независноста и суверенитетот на Украина и осудата на руската воена инвазија е наша јасна позиција како припадници на западниот, демократски и мирољубив свет, вели Заев.