Зоран Заев беше пречекан со аплауз во седиштето на партијата. Присутните во салата скандираа „Зоки, Зоки, Зоки“.
Двете највисоки партиски тела на СДСМ вечерва се состанаа за да зборуваат за најавената оставка на премиерот и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за изборните резултати и последните случувања во политичката сцена за иницијативата за интерпелација на Владата.