Премиерот Зоран Заев се огласи на социјалните мрежи откако Сашо Мијалков сам се појави во Обвинителството за организиран криминал и корупција.
-После преземената акција објавувам конкретен резултат од кој имаме значаен успех:
Се пријави Сашо Мијалков во Обвинителството за организиран криминал и обезбеден е неговиот домашен притвор!
Институциите ги презедоа сите редовни и вонредни мерки во врска со бегството на Сашо Мијалков. Координацијата помеѓу сите институции со сите активности што се презедоа во последниве 40 часа дадоа резултат. Правдата е обезбедена, ќе ја има и повеќе и почесто!
Следува и моја изјава за медиумите за што јавноста дополнително ќе биде информирана, напиша Заев на Фејсбук.
После преземената акција објавувам конкретен резултат од кој имаме значаен успех:
Се пријави Сашо Мијалков во…Posted by Zoran Zaev on Tuesday, 23 February 2021