„Попишани се преку 99% од граѓаните и околу милион и 860 илјади граѓани“, изјави претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев од митингот на партијата во Гевгелија.

Тој додаде и дека се попишани околу 570 илјади домаќинства и околу 840 илјади станбени единици.

„Нека ни е честито, со што покажавме и кој има капацитет, а кој нема. Ова е еден од гигантските остварени проекти. Во една рака го имаме НАТО, а во другата ни е одржаниот попис, кажа премиерот пред граѓаните.