По интензивните средби и разговори на високите претставници на Европската унија премиерот Зоран Заев со јасен став дека со идентитетот и јазик нема да преговара. Со македонскиот идентитет не смее да си игра ниту мојата влада, ниту која било друго влада и уште помалку друга држава и Унија во која што се уште не сме членка. Тој порача дека и покрај се, нашата земја ќе ја продолжи европската агенда.
-Порачавме јасно и гласно и повторивме, тргнете ја секоја дискусија за македонскиот јазик и македонскиот идентитет од масата за разговори во Брисел. После тоа можеме да продолжиме да разговараме за нашата европска иднина. Ние имаме и гордост и сопствен идентитет, изјави Заев по враќањето од Брисел.