-Коалицијата со ДУИ за локалните избори е многу флексибилна и е 100-процентно заокружена за целата наша земја со цел да води грижа и внимание и за помалку бројните политички партии со пратеници или со гласови од претходните избори. Заради изградената голема доверба меѓу нас и одличната соработка што ја имаме и во Парламентот и во Владата можеме да дадеме предност на правците на кои не упатуваат граѓаните во мултиетничките општини и кај мултипартиските застапености на политичките партии во општините, порача денеска премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев.