-Ова е признание за напредокот за зачувување на вредностите на Охридскиот регион, но и најсилно предупредување дека сите мораме да се вложуваме и постојано да го штитиме охридското, македонското, светското наследство, истакна премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во врска со одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО да не го впишат Охридски регион на листата на светско наследство во опасност.

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО по бројните дебати, одлучи Охридскиот регион и Албанија да го зачуваат својот статус и во наредните две години. Одлуката предвидува исполнување на препораките дадени од УНЕСКО, со цел по истекот на овој период Охридскиот регион да ја избегне Листата на светски културни и природни наследства во опасност.