„Општина Зрновци има потенцијал да прерасне во модерна, современа и функционална општина со задоволни граѓани – и ќе се вложиме сите и Виктор Анѓелов и ние како централна власт – ова да стане реалност. Ние покажавме и докажавме дека за нас нема големи и мали општини, важни и неважни. Како што државата застанува зад секој граѓанин, така застанува и зад секоја општина. И Општина Зрновци како и другите општини беше помогната од државата и тоа ќе продолжи.
Со децентрализацијата од идната година обезбедуваме повеќе приходи за општините, тоа се повеќе пари во општинските каси за да се инвестираат во улици и патишта, во канализациски и водоводни мрежи, за изградба на училишта, градинки и спортски сали, за проекти кои реално го унапредуваат животот на граѓаните во секоја општина.