Денес сме пријатели со целиот свет со сите наши соседи, денес нашиот суверенитет, нашиот територијален интегритет, нашата државност е заштитена, потврдена и обезбедена, заштитувајќи го тоа што е наша национална посебност, гарантирајќи го тоа што е важно за граѓаните а тоа е иднината. Сите овие успеси кои ги направивме, доаѓаа политичари 30 години ги ветуваа НАТО, ЕУ, ЕУ, НАТО – успеавме ние да ги реализираме, ова вечерва го порача лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев од митингот во Радовиш.
Тој е оптимист и изрази уверување дека до крајот на годината ќе ја имаме и првата меѓувладина конференција и дека до крајот на годината ќе ги отвориме и поглавјата, европските фондови и, како што рече, ќе успееме во втората, наша децениска аспирација-членство во Европската Унија.
Според него тоа е патот, бидеќи ако сме скарани со соседите, со целиот свет, скарани дома Македонците, Албанците, Турците, Власите, Бошњаците, Ромите, сите тоа никаде не води.
– Државата ни е како едно семејство. Нема напредок ако дома се караме. Нема напредок ако се караме и со соседите, има напредок низ пријателство, низ дијалог, низ мудри политики, заштитувајќи го тоа што е наша национална посебност, гарантирајќи го тоа што е важно за граѓаните, а тоа е иднината, подвлече Заев.