Премиерот Заев во своето гостување во емисијата „Дебати“ на ТВ Шејна изрази очекување дека локалните избори што треба да се одржат на територијата на РС Македонија ќе бидат фер и демократки.
„Јас очекувам дека ќе имаме фер и демократски избори. Прво сите услови се спазени. Изборниот законик со новините што ги бараше, сите политички партии па дури и независните кандидати учествуваа во таа работа. ВМРО-ДПМНЕ побара да има отисок со прст, тоа веќе го има внатре, тоа беше и наше барање кога бевме во опозиција и е дополнителен гарант за еден човек еден глас, што е многу важно“, изјави премиерот Заев во своето гостување во емисијата „Дебати“ на ТВ Шенја.