Очекувам од вицепремиерот Љупчо Николовски да даде предлог за разрешување на директорот на Пазарниот инспекторат Стојко Пауновски, соопшти денеска премиерот Зоран Заев.
-Секој ден да водите полемики со потпретседателот на Владата, со претседателот на Владата, е пркос кој не е дозволен. Хиерархијата треба да се почитува, таа е поставена и треба да функционира. Се работи за мој исклучително добар пријател, но кажувам што е принцип, вели Заев.
Инаку, претпладнево Пауновски изјави дека му е жал што Заев не го разбира и слободно може да го разреши. Недоразбирањата настанаа откако директорот на Државниот пазарен инспекторат одби да распредели административци, односно вработени по рамковен договор, кои седеа дома, а не добиваа плата. Пауновски се правдаше дека во неговата институција нема доволно простор, па потоа дека не се доволни квалификувани, па сега да каже дека потребни му се инспектори за источна Македонија, алудирајќи на етничката припадност.