Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека парламентарното мнозинство е стабилно.
„Вчера е истиот ден во кој се потврди стабилно парламентарно мнозинство и нема тука дилема. 62-та, како викаа порано политичарите, бетон“, додаде Заев.
Тој вели дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не може да привлече ново мнозинство.
„Не мислам дека во државава треба да има парламентарни избори. Тоа што јас го кажав дека јас и Влада предводена од мене, тоа не значи дека треба да има парламентарни избори. Впрочем вчера е истиот ден во кој што е потврди стабилно политичко мнозинство и нема тука дилема. Не може, не Мицкоски, кој сака нека е, да привлече од тоа мнозинство затоа што не нуди нешто подобро. Во моментот кога ќе понуди нешто подобро тогаш, се е отворено и тоа е демократија“, порача Заев.