Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев денеска во обраќање од седиштето на СДСМ ја најави големата политичка акција за нова позитивна промена на начинот на функционирање и менталитетот на политичките партии во земјата, почнувајќи од СДСМ.
„Излегувам со нова програма пред членовите на СДСМ и ја барам вашата поддршка за нов мандат“, посочи Заев.
Тој додава дека ова е новата политика на СДСМ за новото време.
„Никој во СДСМ нема да се кандидира за функција, само за да биде функционер, туку да врши должност и да биде служител на граѓаните“, додаде Заев.