Премиерот Зоран Заев во гостување на ТВ24, изјави дека „во 21-век, не треба да се гледа на работите преку именување на нацизмот со етничка боја“. Изјавата е поврзана со бришењето на одредницата „бугарски“ пред „фашистички окупатор“ од македонските учебници и споменици.
„Ако сакате да градите пријателство и добри односи, треба да постапувате правилно. Спомениците остануваат обележја на фашизмот и затоа се изградени. Бугарски фашистички окупатор не значи дека го девалвираме фашизмот, односно го омаловажуваме. Тоа е преголемо зло. Непријатно е да се именува целата нација како фашистичка. Во европските учебници, во духот на пријателството, се избегнува националната обоеност на фашизмот“, изјави премиерот Заев.