Премиерот Зоран Заев негираше дека странски дипломат го предупредил за предлог законот за личните карти, бидејќи наводно тоа се косело со Договорот од Преспа. Според предлог законот кој е на Движењето Беса во новите лични карти треба да стои етничка графа.

-Немам јас такво предупредување ниту каков било разговор за каков и да било аларм или предупредување дека некој би реагирал. Беса имаа средба со амбасадорот на Грција. Ние сме го провериле тоа по дипломатски патишта уште во 2019 година, кога се гласа уставните промени. Нема предупредување дека е спорно, идентитетската определба на сите кои живеат во држава е нивно право“,