Премиерот Зоран Заев изјави дека нема да има одложување на пописот и покрај тоа што е воведен полициски час на цела територија на државата. Како што вели тој можеби состојбата со пандемијата нема да се смени, ниту во следните неколку месеци, ниту пак следната година.
– Никој не може да каже дека за една година нема да е исто. Не може ни за месец или два да одложиме, бидејќи ни тогаш не знаеме дали ќе е различно, а потоа доаѓаат локалните избори, изјави премиерот Зоран Заев.
Како што е познато од вечерва почнува полицискиот час. Ќе трае од 22 часот, па до 05 следниот ден. Одлуката ќе важи до 22 март. Пописот ќе почне да се спроведува од 1-ви април.