Скопје, Тетово и Гостивар се главни жаришта на Ковид-19 во земјата. Градовите во кои има најмал процент на вакцинирани имаат најмногу хоспитализирани и починати како последица на Ковид-19 за разлика од општините каде има висока стапка на вакцинирани, вели Филипче.
За да се постигне колективен имунитет кон Делта сојот, треба да се вакцинираат над 80% од населението. До средината на октомври, Министерот за здравство очекува околу милион жители да бидат имунизирани со некоја од анти ковид вакцините, или 70%, процент кој според него е сериозен. На прашањето колку ќе траат мерките за угостителите, и дали постои веројатност тие да бидат укинати доколку се намали бројот на заразени, Филипче рече дека се зависи од процентот на вакцинирани.
Мерките кои ги усвои Владата за спречување на ширењето на корона вирусот и имунизација на населението дават ефект, рече премиерот Зоран Заев, кој истовремено ја лансираше кампањата „Вакцинирајте се“ за да ги охрабри граѓаните масивно да се вакцинираат и да се спречат лажните вести против вакцините.
Утре ќе се сретне Комисијата за заразни болести со Комисијата за имунизација за да се анализираат актуелните мерки и за нивна евентуална промена.