Премиерот, Зоран Заев денес потенцираше дека сака да има добри односи со сите соседи и да не постои омраза.

Имено, Заев не знае да оцени и процени каде е проблемот и во што се состои, откако денес Бугарското МНР ги пласираше своите последни ставови, во кои се вели дека не може да ги предаде Македонците кои имаат бугарски пасош.

„Ако е тоа решението, ќе ги прашаме и нашите Македонци со бугарски пасош. Јас верувам дека треба да продолжиме со Бугарија, да правиме напори, како што ме охрабрија неколку земји во ЕУ, зборувам како Зоран Заев предводник на нашето македонско општество со сето тоа што го направив во изминатиот период оддржувајќи европски лекции овде, од душата и срцето на Балканскиот Полуостров и среќен сум што останато нешто европско во ЕУ, со чекорите во овие изминати денови, затоа што за нас, ЕУ е светост“, посочи Заев.