Не ѝ верувам на Вилма Русковска дека поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, ја злоупотребил функцијата, вели премиерот Зоран Заев во интервју за Фокус, пренесува Плусинфо.
Тој посочува дека досега не направил никаква штета на државните и на националните интереси, туку напротив, како што вели, не само што ги има сочувано, туку ги има и доафирмирано и потврдено.
Како што е наведено во најавата на Фокус, премиерот во најновото интервју зборува и за очекувањата во јуни, внатрепартиските односи, актуелните афери, како и локалните избори.