Откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку Фејсбук се огласи и ги осуди ракетните напади на, како што вели тој, терористичката организација Хамас кон Израел, со слична реакција се јави и премиерот Зоран Заев. Тој на својот твитер налог напиша дека не смее да има толеранција за антисемистичките напади, додавајќи дека не смее да има толеранција за напади врз цивили на ниту една страна.
– Со загриженост ги следиме случувањата во Израел и појасот Газа. Животите на луѓето се бесценети и затоа насилството треба да запре. Не смее да има толеранција за антисемитистички напади. Не смее да има толеранција за напади врз цивили на која било страна. Дијалогот е решение, напиша Заев на твитер.
Со загриженост ги следиме случувањата во Израел и појасот Газа. Животите на луѓето се бесценети и затоа насилството треба да запре. Не смее да има толеранција за антисемитистички напади. Не смее да има толеранција за напади врз цивили на која било страна. Дијалогот е решение.
— Зоран Заев (@Zoran_Zaev) May 15, 2021