Премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање уште еднаш потврди дека Република Северна Македонија дома ќе ги продолжи реформите и ќе продолжи по европскиот пат.

-Верувам дека во првата половина од наредната година ќе може да се изнајде решение за ветото од Бугарија и дека ќе се одржи Првата меѓувладина конференција со што ќе се отвори патот за почеток на пристапните преговори со ЕУ. Немаме алтернатива за членството во ЕУ. Не ни требаат бајпас решенија или алтернативни решенија за нашето членство во ЕУ. Република Северна Македонија заслужува членство во ЕУ, рече премиерот Заев.

Според премиерот реформите се исполнети, покажавме европски примери и одржавме европски лекции, за Балканот, но и целата Европа, што не прави вистински кандидат за поплноправно членство во ЕУ.

– Јас сум среќен што уште постои европското во ЕУ и знам дека ќе опстои, колку и да е драматично, колку и да е тешко, ЕУ ќе го прошири патот на своето проширување, а ние земјите од Западен Балкан кои што немаме друга алтернатива ќе го продолжиме својот пат кон европеизацијата, рече премиерот.