Премиерот Заев не го поддржува предлог законот за скратено работно време на администрацијата, односно во петок да работи само по 4 часа.
Убеден е дека ова е предизборно ветување на некоја од партиите, кое по реакциите на граѓаните може да биде и повлечено.
Вели ако сакаме да швајцарски плати треба сите да работиме ефикасно и сериозно и во приватниот и во јавниот сектор.
Истакна дека од 165.000 административци, нивниот број сега е намален на 132.000. А во моментов 15 илјади работат во министерствата.