Премеирот Зоран Заев изјави дека не ги разбира протестите на ВМРО-ДПМНЕ додавајќи дека лидерот на партијата добро знае што содржи Португалскиот предлог.
Португалскиот предлог е доставен кај нас, кај бугарската страна и кај Мицкоски и апсолутно добро знае дека предлогот е одличен и појдовна основа за постигање на решението. Сега да продуцирате протести со по 15 возила и 20 луѓе, 13 возила и 14 луѓе, само да се блокира сообраќајот низ градовите е порака која никако не можам да ја разберам. Веројатно е страв дека постои можност да направиме исчекор кон ЕУ и нашите интеграции и конечно да имаме прва меѓувладина конференција и навистина очекувам најмалку да се помогне, наместо да се блокира, но не е ништо ново. Во последните 4 години, ВМРО-ДПМНЕ освен блокади, кочници и правење опструкции на важните процеси кои ја блокираат македонската иднина, друго немаме видено, вели Заев.