Премиерот Зоран Заев денеска кажа дека не ги прифаќа оставките од министерот Венко Филипче и на заменикот Илир Хасани кои ги поднесоа како морален чин по трагедијата во Тетово со пожарот во модуларната болница.
„Внимателно ги прочлитав наодите за несреќите. Како што е сооптштено, пожарот настанал врз основа на електричен кабел. Сметам дека мема причини да се бара политичка одговорност кај Венко Филипче и Илир Хасани.
Останувам на ставот дека нема да дозволам политизирање на несреќата. Политичарите нема да го толкуваме извештајот. Откриена е причината, и таа е јасна. Веднаш дадов насока до министереството да се засилат контролите до сите модуларни болници. Сега треба контроли за да не се повтори вакво нешто и на друго место.
Се случи трагедија и нема бегање. Болката и тагата е присутна кај сите граѓани. Наша должност како политичари да не им ја правиме трагичната загуба на семејствата уште потрагична. И да обезбедиме здравствена заштита за сите граѓани. На сите им треба систем кој ќе ги заштити во време на пандемија. Затоа треба да гледаме подалеку од денес, подалеку од утре.
Филипче и Хаасани направија големи чекори за здравството и заштитата на граѓаните во оваа пандемија, и затоа им ја давам довербата и понатаму да го водат здравствениот систем“, рече Заев.