Премиерот Зоран Заев не ја слушал новата бомби што ја објави новинарот Зоран Божиновски, каде наводно тој зборува со синот на разузнавачот Зоран Верушевски, Александар Верушевски.
„Ја немам слушнато објавената снимка. Ќе се обидам деновиве да најдам време и да ја слушнам, па после може да зборувам. Инаку тоа е разговор од 2016 година, колку што можев да сфатам“, изјавил Заев за ТВ21.
Вчера во јавноста се појави аудио снимка каде наводно Заев и Верушевски зборуваат за најразлични теми, меѓу кои и за менување судии.
Ова е снимка и порано беше објавена во јавност, но во скратена верзија.