Одиме по истиот пат заеддно, напред, поврзани, рече премиерот Зоран Заев на денешната заедничка прес-конференција по завршувањето на регионалниот економски фоурм.

Заев напомена дека Балканот доволно долго беше опкружен со ѕидови и дека наместо ѕидови, денеска се изгардија мостови.

– Наместо ѕидови, денеска изградивме нови мостови. Присутните преку 400 пристуни на форумот се капиталот на иницијативата „Отворен балкан”. Нивните дискусии, дебати и проекти што тука ги афирмираа и ги здружија, сведочат дека иницијативата е платформа која која му е потребна на регионот, подвлече Заев.

Тој се осврна на потпишаните два меморандума за разбирање и меѓудржавниот договор кои денеска беа потпишани во рамки на Форумот и со кои треба да се интензивира соработката во регионот.

По Заев, на прес-конференцијата се обратија и Вучиќ и Рама.