Премиерот Зоран Заев на состанок со амбасадорите на земјите членки на ЕУ порачал дека очекува до крајот на словенечкото претседателство да се постигне напредок во евроинтеграцијата на државата, соопштија од Владата откако Заев синоќа го одржал редовниот годишен состанок со шефовите на дипломатските мисии од овие држави.
-Северна Македонија ги заврши своите домашни задачи и е целосно подготвена да ги започне преговорите со Европската Унија“, рекол Заев.
Од Владата велат дека премиерот со амбасадорите разговарал за реформите во правосудството и јавната администрација, за борбата против корупцијата, а се дискутирало и за пописот кој земјава го спроведува по речиси 20 години.