Како се ближат изборите, оние локалните, кои треба да се одржат кон крајот на есента, полека излегуваат на виделина политичките преговори, разговори и договарања. За можните коалиции зборуваше и премиерот Зоран Заев, кој е лидер на СДСМ. Како што вели тој, за локалните избори отворени се за соработка со ДУИ, БЕСА и ДПА.
-Тие се трите партии на Албанците со кои сме во коалиција. Имаме општини каде логично е сите да настапиме со најдоброто што го имаме. А кој ќе влезе во вториот круг после тоа да се поврземе. Некаде ќе застанаме еден до друг уште во првиот круг, затоа што очекувам добри номинаци на кандидати и од нашите партнери, изјави Зоран Заев во интервју за Тв Клан.