„Драго ми е што се остварила оваа средба на софискиот аеродром и мило ми е што Борисов посакал да се види со Османи, барем на кратко. Ја поздравувам пријателската порака што ми ја соопшти Османи, а тоа е дека навистина имаме заедничка историја меѓу двете држави и народи и тоа е суштината на Договорот за добрососедство“, вели премиерот Зоран Заев на прес-конференција.
Според него, наша аспирација е цел Балкан да биде во ЕУ, да бидеме заедно и силни.