Екс грчкиот премиер Алексис Ципрас попладнево стигна во Охрид, каде што оствари средба со премиерот Зоран Заев.
„Договорот од Преспа ја обврзува ЕУ да ги тргне пречките за евроинтеграцијата на Северна Македонија и Западен Балкан. Му посакав добредојде на мојот пријател Алексис Ципрас во Охрид, со кого заедно учествуваме на #PrespaForumDialogue. Се согласивме дека три години од потпишувањето на Договорот од Преспа на 17 јуни 2018 година, секојдневно пристигнуваат придобивките од решавањето на тридеценискиот спор, со кој воспоставивме стратешко пријателство меѓу Северна Македонија и Грција.Пораките кои глобално се испраќаат од овој форум, потврдуваат колкаво постигнување е Договорот од Преспа, кој денеска и утре во Охрид и Преспа го уважуваат и почитуваат стотици високи гости од регионот, Европа и светот, за да ги афирмираат вредностите што произлегуваат од духот на Договорот.“, напиша Заев на својот „Фејсбук“.