Стари режимски кадри и нова иднина не одат заедно! Не може луѓе свртени кон минатото да реализираат иднина. Додека не се реформира, ВМРО-ДПМНЕ не може да ја добие довербата од граѓаните на кои било избори, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев од митингот во Гевгелија.
Тој кажа дека власта го продолжува развојот на домашен план со проекти во општините на дело, а и со натамошно интегрирање на државата на меѓународен план.
Кој се грижи за вас и гради во вашата општина и во државата – а кој ги блокира вашите животи, стои на патот на вашите деца, ви краде пари и ги урива перспективите на државата. Јасно е како бел ден. СДСМ и коалицијата инвестира во сегашноста и создава иднина. И со нас – Денес, може да го видите јасното – Утре. Тоа се перспективи, иднина и можности.
Другото не е алтернатива, не е понуда. Другото е ВМРО-ДПМНЕ којашто работи на создавање проблеми. Таа партија е со речиси исто раководство како од времето на режимот. 2/3 од нив се обвинети за криминал и корупција. Мицкоски се покажа дека не е ништо другот освен маската на Груевски, заклучи Заев.