Коментирајќи ја изјавата на претседателот Стево Пендаровски дека не се согласува со предлогот во личната карта да се впишува и етничката припадност, премиерот Заев вели дека е логично понекогаш да имаат различни ставови со претседателот за некои прашања иако веруваат во исти вредности, и оти е добро што претседателот ќе испочитува ако мнозинството одлучи и го донесе законот, тој да го потпише указот.
-Внимателно го читав интервјуто на претседателот Стево Пендаровски, што ќе почитува ако мнозинството одлучи и го донесе законот, тој да го потпише указот. Понекогаш и ние што веруваме во исти вредности за некои аспекти сме различни и тоа е многу логично. Сепак, претседателот е прв во државата, ова за мене е вредно за внимание, нормално на првиот состанок ќе разговараме за аргументациите. Сепак, ова произлезе од еден сериозен процес кога се случуваа уставните промени, рече Заев во одговор на новинарско прашања на заедничката прес-конференција пред Владата со претседателот на Сојузот на средношколци Бленди Ходаи.
Претседателот Пендаровски вчера во интервју за порталот МКД.мк. изјави оти не се согласува со предлогот во личните карти да се впишува и етничката припадност, посочувајќи дека нема сличен пример во светот, но оти нема многу големи аргументи за да не потпише таков указ ако законот биде изгласан во Собранието.