Јасно е зошто ВМРО-ДПМНЕ нема свој кандидат. Мицкоски најде некој да му глуми независен и да му го однесе поразот, кажа претседателот на СДСМ, Зоран Заев на промоцијата н кандидатите за советници за Град Скопје. Тој додаде дека можеби одлуката не е на Мицкоски туку на, како што вели, менторот од Будимпешта, но и тој знаел дека Шилегов е убедлив победник.
-Си бараат алиби за поразот што ги очекува. Таа кандидатка и покрај блиските релации со Груевски, не сака да е директна кандидатка на таа нереформирана партија. Исто така ВМРО-ДПМНЕ немаат и никогаш нема да имаат кандидат како Петре Шилегов, па затоа одат на варијантата „кандидатката е наша, ама не е и баш наша“, истакна Заев.
Тој вели дека освен црнила и блокади ВМРО-ДПМНЕ за ништо друго не знае и ќе проба државните теми да ги наметне на локалните избори.
-Ќе фрлат дрва и камења за членството во НАТО, Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија, но ќе им повторам дека компромисот не е предавство, туку грижа за своите граѓани и храбар чин од кој бегале сите досегашни челници само за да си ја зачуваат фотелјата, е па не сме сите исти. Во современите текови, нема место за старомодни политичари, заклучи Заев.