Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев во куса изјава за медиумите не сакаше да коментира што значи одложената оставка на неодредено време, ниту до кога ќе се води како таква. Тој изјави дека овој период ќе се работи и на зачувување на парламентарното мнозинство.