Имаме обврска да работиме за секое дете да биде среќно, да расте безгрижно, да се движи независно. Младиот Јане Велковски е пример дека со заедничка соработка и поддршка од семејството, државата и јавноста, можат да се изнајдат начини за вистински да им се олесни животот на луѓето со ретки болести, порача екс премиерот Зоран Заев преку социјалните мрежи.
-За мене Јане е симбол за мотивација и храброст и тоа го докажал многупати. Неговата приказна преку обраќањето во Обединетите Нации, преку глобалните кампањи и преку ова ТЕД видео ја слушна и светот, вели Заев.