Премиерот Зоран Заев се чини дека не е оптимист дека на 22 јуни ќе биде тргнато ветото од Бугарија и дека Македонија ќе добие датум за почеток на преговори. Како што вели тој, ако не јуни, тогаш да се надеваме во декември.
-Убаво е да се биде членка на НАТО, рамо да рамо сме со сите. Направив состаноци со сите лидери за прашањето кое најважно за нас. Имаме еден подготвен амбиент да чекориме понатаму. Многу важен беше состанокот со претседателот Радев. Продолживме во детали да разговараме. Имам чувство на 22 јуни нема да се реши проблемот со Бугарија, но не е невозможно да се реши. Да не ги кревам високо очекувањата на сите. Наша должност е да направиме се. Не е зијан ако направиме успех, изјави Заев по враќањето од Брисел.