Премиерот Зоран Заев утринава гостувашее во Утрински брифинг кај Сашо Ордановски. Меѓу партиските и државните теми, зборуваше и за спорот со Бугарија. Се надева и покрај тоа што таму има техничка Влада дека ќе успеат да најдат решение, односно некакво поместување со цел во јуни на самитот на Европскиот совет да се организира меѓувладина конфренеција со ЕУ или евентуално да се добие сигнал за почеток на преговори.
Како што вели тој, проблемот со Бугарија е смешен.
-Разговаравме за тоа Бојко Борисов, разговаравме со него за тоа. Знаете, јас сум православен христијанин и тој е православен христијанин. Многу е едноставно за сфаќање, пошто он праша како тоа вие сфаќањето со корењата. Е вака сфаќаме, по науката сите сме од мајмуните, по религијата сите сме од Адам и Ева. И, како тоа сега Македонците во целиот свет од Бугарите, или Бугарите од Македонците. Не ли сме или од мајмуните или од Адам и Ева. Има историско образовна комисија, треба да ги разработи сите можни аспекти, вели Заев.