По неколку часовни разговори за актуелните прашања во државата, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и со лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев се договориле да го одложат пописот за септември годинава, соопшти Мицкоски, јавува Слободен печат.
-Попишувачите во наредниот период ќе се вакцинираат, по што пописот наместо според предвиденото на 1. април се одложува за 5. септември, рече Мицкоски додавајќи дека тоа е за заштита на населението.