Заев и Гаши утре попладне ќе си подадат рака на средбата во Клубот на пратениците, а во вторник раководството на Алтернатива ќе ја донесе формалната одлука за приклучување во власта. Информацијата е потврдена од двете страни. Според очекувањата, Алтернатива би добила две министерски места во најавените промени во Владата, во смисла на некаква реконструкција на владиниот кабинет. Сето ова се очекува да заврши до крајот на декемри.