Со дебатата на тема „Иднината на Европа“, заврши дводневната Меѓународна конференција за мир и одржлив развој, што по повод 6 годишнината од Преспанскиот договор, ја организираа Институтот Алексис Ципрас и Фондацијата Заев.
На оваа завршна сесија во атинскиот конзерваториум, каде што се одржува конференцијата, вечерва присуствуваше и претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, која ги проследи настапите на поранешниот претседател на Франција, Франсоа Оланд, претседателот на Партијата на европските социјалисти и поранешниот премиер на Шведска Стефан Лефвен, земаничката претседателка на Владата на Шпанија Јоланда Диаз, како и поранешните премиери и креатори на Преспанскиот договор Алексис Ципрас и Зоран Заев.
На оваа завршна сесија Зоран Заев истакна дека е „уверен дека пораките на сите учесници на конференција наидоа и ќе бидат препознаени како важни насоки и препораки во ова време на големи предизвици за прогресивните општества и поединци. За време на овие два дена на конференцијата видовме плејада на слободоумни и личности со визија кои ги испратија своите пораки и размислувања затоа што не сакаат да останат неми посматрачи на загрижувачките процеси околу нас“.
Навистина е апсурдно во 21 век да организираме конференција за мир и за одржлив развој, рече Заев, откако светот во минатиот век ги помина двете големи светски војни, и откако во одделни делови на светот се водеа војни за одбрана на демократијата наспроти заканите на автократските и тоталитаристички режими.
„Денеска со право се прашуваме за иднината на Европа и оттаму потребата да бидеме и да останеме секогаш будни во заштитата на мирот, демократијата и развојот на човештвото. Ако се сметаме за застапници на слободата и на демократијата, како дел од темелните вредности на Европа, тогаш како наша одговорност за иднината на Европа мора да бидеме подготвени да го дадеме нашиот придонес во војната за европските вредности кои во суштината го имаат мирот, дијалогот, соработката, компромисот, разбирањето за другиот“, истакна Заев.
Врз основа на овие вредности, рече Заев, заедно со Ципрас, тргнавме во решавање на отвореното прашање меѓу нашите две земји и дојдовме до Преспанскиот договор водени од увереноста дека европското семејство не познава затворање на граници или градење ѕидови.
„На Европа ѝ е туѓа ксенофобијата. Тое не се, и никогаш нема да бидат опции за Европа. Напротив, демократијата реагира на проблеми и нуди решенија. Затоа е многу важна цвелосното почитување и спроведување на сите протоколи опфатени со Договорот од Преспа“, нагласи Заев.
„Со неколку реченици сакам да им упатам порака на противниците на овој договор во двете земји. Нашите општества, македонското и грчкото, се дел од европскиот заеднички систем на вредности: мирот, демократијата, владеењето на правото, слободата во сите нејзини форми, еднаквоста меѓу нациите, човечкото достоинство и солидарноста. Европски е да го почитуваме и целосно да го имплементираме Договорот од Преспа. Целиот демократски свет, сите наши заеднички пријатели, партнери и поддржувачи порачаа дека овој договор е чекорот со кој нашите две земја се извлекоа од минатото и тргнаа кон иднината“, потенцираше Заев и рече дека е важно да го одржуваме мостот што го симболизира Договорот од Преспа.
„Да се воздржиме од злоупотреби кои се закануваат со блокади. Наративи за кои верувавме дека се надминати и дека взаемната поддршка е единствениот начин за напредок и за пристапување кон ЕУ, цел и средина која ја гарантира примената и прдржувањето кон европските вредности.Добрососедските односи и регионалната соработка да останат наш заеднички приоритет“, посочи Зоран Заев на завршната сесија на дводневната Меѓународна конференција за мир и одржлив развој, што по повод 6 годишнината од Преспанскиот договор, ја организираа Институтот Алексис Ципрас и Фондацијата Заев .
Алексис Ципрас во своето обраќање на оваа завршна сесија рече дека конференцијата после 6 години од договорот е исклучително важна, не само како годишнината на Преспанскиот договор, туку и како важен политички настан со поглед кон иднината.
„Конференцијата ги промовираше прогресивните сили. Со повеќе од 40 учесници од сите страни на светот, оваа конференција беше Светски форум на прогресивните сили кои се подготвени да се соочат со предизвиците што се пред нас. Што се однесуав до Балканот, сите учесници на конференцијата рекоа дека Препнаскиот договор е договор за иднината на регионот и за Еропа и дека ЕУ мора да ги препознае политичките процеси на Западен Балкан и да ги пресретне со соодветни политики, за да не се случи да се вратиме на состојбата од пред Преспанскиот договор кога регионот беше ‘нерегулирана област’ за влијание на трети страни“, нагласи Ципрас.
Договорор од Преспа е модел за надминување на отворените прашања затоа што е изграден на меѓународното право и им се спротивстави на националситичките наративи, рече Ципрас.
Претседателот на Европската партија на социјалистите и демократите и поранешен премиер на Шведска Стефан Лефвен рече дека како еден од аспектите на иднината на Европа е проширување на ЕУ кое мора да продолжи започнувајќи со Западен Балкан
„Важно е ЕУ да продолжи да води со пример и да се посвети на надворешна политика која е базирана на дипломатија, превенција на конфликти и одржлив развој. Основата на европскиот проект е да биде силе која ќе го засили меѓународниот ред заснова на правила и силен промотор на мир и стабилност“, рече Лефвен.
Поранешниот претседател на Франција, Франсоа Оланд предупреди дека цела Европа ќе ги почувствува последиците ако екстремната десница дојде на власт во Франција.
„Иднината на Европа зависи и од иднината на Франција. Победата на екстремната десница, која изгледаше невозможна пред само неколку години денес е голема веројатност. Ако одиме натаму и екстремната десница добие мнозинство за две недели, тогаш цела Европа ќе ги почуствува ефектите од тоа што ќе го почувствуваат и Французите“, рече Оланд и предупреди дека екстремните европски десничари ќе го блокираат и проширувањето на ЕУ.
Поранешниот претседател на Франција, Франсоа Оланд ја истакна силната поддршка за конференцијата што ја организираа Алексис Ципрас и Зоран заев во исклучително важен период за Европа.
„Верувам дека иднината на Европа зависи само од нас и затоа сме соочени со обврската за пакт, за договор на прогресивните сили, за да ја обновиме вербата во европската идеја и да ги убедиме луѓето дека на европските вредности треба да ја засноваме и нашата иднина“, нагласи Оланд на завршната сесија на Меѓународна конференција за мир и одржлив развој, што по повод 6 годишнината од Преспанскиот договор, ја организираа Институтот Алексис Ципрас и Фондацијата Заев.
Превземено од Рацин.мк