Моментално во Собранието се одржува средба меѓу лидерите на најголемите партии од владината коалиција, СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети.
Оваа средба стигнува откако попладнево во Собранието беше доставена иницијатива за гласање на доверба на Владата, а претседателот Талат Џафери закажа седница во четврток во 11 часот.
„Претседателот на Собранието, г. Талат Џафери, согласно член 215 став 2 од Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија, ќе ја свика седницата за поставеното барање за гласање за доверба на Влада, а истата ќе се одржи на третиот ден од денот на поставување на прашањето за доверба на Владата, односно во четврток (11.11.2021), во 11.00 часот, Според член 215 став 3 од Деловникот на Собранието, рокот за свикување на седница почнува да тече наредниот ден од денот на поставувањето на прашањето за доверба на Владата“, велат од Собранието.