Премиерот Зоран Заев, на гостувањето во Канал 5, кажа дека се размислува граѓаните на Србија кои летово ќе влегуваат во нашата земја, да бидат ослободени од плаќања на патарини, како чин на благодарност поради вакцините кои Србија и ги донираше на земјава.
„Размислуваме летово сите со српски таблички кои ќе влезат кај нас, да добијат некое картонче со кое ќе бидат ослободени од патарини на територијата на целата земја. Тоа би било чин на благодарност за вакцините кои пријателска Србија ги даде за Северна Македонија“, рече Заев.