Премиерот Зоран Заев го отфрли барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски за предвремени избори, кои би се оддржале заедно со локалните избори.

„Конечно треба да престанеме со предвремени избори, тие ги стопираат производствените капацитети и севкупната македонска економија“, вели Заев.

Тој објасни дека сите тешки одлуки во минатото биле донесени за економскиот стандард на народот и отворање нови работни места.

Според него, редовните избори ќе бидат во 2024 година, а дотогаш сите треба да ги засукат ракавите и да работат.

„Само така ќе имаме голема плата, само така ќе има поголеми инвестиции, само така ќе има поголем извоз и само така ќе донесеме поголема среќа за целиот наш народ“, смета Заев.

Мицкоски побара предвремени парламентарни избори заедно со локалните со цел да се обезбеди стабилно владино мнозинство.