Премиерот Зоран Заев за ТВ Алсат потврдил дека во текот на денот имал комуникација со претседателот на Алтернатива, Африм Гаши и побарал од него да го избере денот кога сака да се сретнат за да разговараат околу можноста Алтернатива да стане дел од парламентарно мнозинство, односно дел од Владата.

Како што објавија од Алсат, побарале став и од Гаши дали ќе одговори на повикот на Заев, но засега немале конкретен одговор.

Гаши, во емисијата „360 степени” на ТВ Алсат во петокот на прашањето дали добиле понуда од СДСМ за разговор за влез во Владата одговори дека немаат ниедна понуда. Принципиелно е, посочи, ние да дискутираме прво со ВМРО и Алијанса, да видиме кој е нивниот концепт за развој на понатамошните процеси, за тоа како го гледаат тие, а како ние на процесот за излез од кризата.