Во шестиот пакет економски мерки, предвидени се 9,9 милиони евра за финансиска поддршка на околу 6.000 угостители кои вработуваат 17.000 граѓани, посочува премиерот Зоран Заев во објава на Фејсбук.
– На сите угостителите ќе им бидат покриени 30 проценти од приходите, износ кој ќе се пресметува како просек од просечниот месечен приход во 2019 и 2020 година, на кој ќе се аплицираат деновите во кои овие дејности беа затворени. Дополнително, сите регистрирани угостителски објекти ќе добијат 15.200 денари финансиска поддршка по вработен, заклучно со 06.04.2021 година, додава премиерот Заев во објавата на фејсбук-профилот.
Тој воедно посоочува дека повеќе информации за мерките од Шестиот пакет може да се најдата на линкот: vlada.mk/node/24947.