Премиерот Зоран Заев во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија рече дека Фудбалската федерација на Македонија треба да го промени името согласно договорот од Преспа. Тој потенцираше дека иако федерацијата не е државна, сепак согласно Преспанскиот договор секоја организација или здружение кое прима пари од државата треба да го користи новото уставно име и да ги почитува законите во државата.
„Договорот од Преспа е ратификуван и тој е на сила. Сите треба да го почитуваме. Јасна е препораката, треба да се промени името, како и сите други институции кои примаат пари од државата имаат обврска да го сторат тоа“, рече Заев во интервју за Телма.
Упате апел, не само фудбалската федерација, туку таквиот пример да го следат и другите федерации во државата.
„Не дека нема горчина и кај мене… Има, ама не ни требаат нови непријателства“, потенцираше Заев.
Инаку, за време на последниот натпревар на Макеоднија на Европското првенство, против репрезентацијата на Холандија, премиерот на Твитер напиша „македонска фудбалска репрезентација“, по што веднаш реагираа од Грција и донесоа одлука за да не ги гласаат во Парламентот меморандумите кои произлегуваат од Договорот од Преспа.