Премиерот Зоран Заев очекува продолжување на разговорите за надминување на разликите со Бугарија по формирањето на новата Влада во Софија, во духот на пријателството, добрососедството и соработката согласно Договорот за добрососедство од 2017 година.
„Ние ќе чекаме да се состават владините институиции, односно да се формира Владата за да нормално после тоа продолжиме со разговорите. Очекувам новата влада што ќе биде формирана во Бугарија да продолжи во духот на пријателството, добрососедството и соработаката согласно Договорот што го потпишавме и согласно духот на вистински пријатели кои имаат заедничка обврска да обезбедат подобри перспективи за своите граѓани“, рече Заев на новинарско прашање во однос на вчерашните избори во Бугарија дали очекува промена во односите во рамки на преговорите со Софија.